Им станало навика: Возат пребрзо иако полицијата вели дека казнува

И во недела кога треба да е посмирен ден многу возачи во Скопје биле брзи, дрски… Им стана ли тоа навика?
Во текот на вчерашниот ден во главниот град на Македонија биле изречени вкупно 164 казнени мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 94 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.
Вакви бројки гледаме секој ден во соопштенијата на МВР. Каква е анализата во полицијата, ќе успеат ли со досегашниот ритрам на работа да ги смират збеснатите возачи?
Инаку, како што информира Министерството за внатрешни работи, во акциските контроли во областа на сообраќајот изречени се и седум мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за возење под дејство на алкохол, шест мерки за возач почетник…

 

Претходна вестНови цени на горивата денеска, се чека одлуката на РКЕ
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Власта да се извини за исвиркувањето на македонскиот јазик