ВМРО-ДПМНЕ: Власта да се извини за исвиркувањето на македонскиот јазик

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара од Владата на СДСМ и ДУИ, да се извини за исвиркувањето на прославата за Рамковниот договор, што настана во моментот кога водителката прозборе на македонски јазик.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека илјадници евра биле потрошени за партиската прослава на ДУИ, на која се исвиркуваше македонскиот јазик, а и по два дена нема никаква реакција од страна на власта.

-Ковачевски, Груби и останатите функционери од оваа неспособна власт треба веднаш да се оградат, осудат и извинат на македонските граѓани за скандалот со омаловажувањето на македонскиот јазик за време на таканаречената прослава. За оваа прослава се потрошија над 100 илјади евра за пејачи и гоштевање на функционерите на ДУИ во време на економска и енергетска криза. Додека во Тетово нема вода за пиење, додека десетици села во полошкиот крај газат во кал, додека во Арачиново абер нема од ветената канализација, криминалците од ДУИ и СДСМ трошат пари на граѓаните за партиски забави, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија го повтори ставот дека се потребни брзи парламентарни избори за да се стави крај на неодговорното владеење.

Претходна вестИм станало навика: Возат пребрзо иако полицијата вели дека казнува
Следна вестПаркира кој каде стигне: 188 казни за само една недела, само во Центар