Паркира кој каде стигне: 188 казни за само една недела, само во Центар

188 казни за непрописно паркирање за само една недела и тоа само во Општина Центар – ова е збирната бројка што ја објави ЈП Паркинзи на Општина Центар, за седмицата што измина.

Објаснуваат дека во периодот од 08.08. до 14.08., со пајак биле отстранети 104 возила, а со блокатор казнети 84 возачи. Вторите биле паркирани на места каде што може само резидентно население, а тие не се станари.

ПОЦ предупредуваат дека нема да престанат со казнувања се додека не се воведе ред како во сообраќајниот хаос, така и во непрописното паркирање на нерезидентно население.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Власта да се извини за исвиркувањето на македонскиот јазик
Следна вестКој јазик го штити владата на СДСМ и ДУИ и чиј „чист јазик“ ќе влезе во ЕУ?