Нови 889 случаи Ковид-19, пријавени се 10 починати лица

Во последните 3 дена (од 12.08 до 14.08.2022) во Македонија се направени 2.095 тестови, а регистрирани се 889 нови случаи на КОВИД-19. Од министерството за здравство посочуваат дека од вкупниот број на позитивни (889), регистрирани се 199 реинфекции.

Во текот на изминатите 3 дена (12.08 – 14.08.2022) пријавени се 7 починати лица, од: 3 починати лица од Скопје (81г, 84г и 90г) и по едно починато лице од Велес (85г), Охрид (82г), Струга (72г) и Крива Паланка (91г). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани 3 починати лица и тоа од Радовиш (76г), Кочани (70г) и Струмица (81г), две лица се починати во домашни услови, е едно лице е починато во болнички услови. Лицата се пријавени за починати во период од 28.07 до 01.08.2022година.

До сега во земјата се направени вкупно 2.136.393 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 335.451, бројот на оздравени пациенти е 322.468, на починати е 9.424, а бројот на активни случаи изнесува 3.559 лица.

Претходна вестИсториската Комисија препорача заедничко чествување на Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент, Наум, а ќе се менуваат и учебници
Следна вестВо Скопје: На глава глупа и се корне клупа