Да почекаме, можеби Владата ќе ги смени своите членови во историската Комисија

Политички избраната Комисија за историски прашања по години заседавања вчера даде препораки за делување. Требало Македонија да ги чествува Цар Самоил, Светите Кирил и Методиј и Светите Климент и Наум заедно со Бугарија. Во препораките на академик Драги Ѓоргиев и македонските членови на историриската комисија има и дека треба да има измени во учебниците по историја.

Реакциите по ова не стивнуваат, напротив се засилуваат. Многу граѓани преку социјалните мрежи искажуваат големо незадоволство.

-Сите соседни држави сонуваа цел век да се појави некој во Македонија за да им помогне во распаѓањето на македонската нација. Сега се најдоа такви Македонци кои им ја исполнуваат желбата, е една од многуте реакции.

Реагираат и познати и прознати научници:

– Препораките „ни дозволуваат“ нам, на Македонците, да ги прославуваме своите домицилни историски личности само под услов ако ги третираме како бугарски. И во врска со препорачаниот третман на Цар Самоил се насетува истата намера да се признае неговиот и на неговото царство, бугарски карактер, потекло и припадност, вели академик Катица Ќулавкова.

-Од античката историја се откажавме, во средновековието признаа дека сме биле бугарска држава, Климент и Наум ги побугарчија… Се’ е по планот. На ред е Гоце. А потоа НОБ и АСНОМ …Важно типот стана академик во МАНУ. Му е гајле за историјата на овој слаб научник и добар венецијански трговец, вели универзитетската професорка Ванковска.

Пред извесно време познатата историчарка Наташа Котлар во отворено писмо до министерот Османи ова го напиша за македонските преставници во Комисијата:

-Тие не ги претставуваат македонските историчари, ниту можат, иако сакаат! Тие се ваши избраници по идејна, пријателска или друга ненаучна кауза!, истакна професорката Котлар.

Еден од најдобрите македонски историчари и универзитетски професор Михајло Миновски исто така имаше став околу членовите на комисијата:

-Во Комисија, според мое скромно гледање, без да навредам никого, нема докажани експерти кои ќе решаваат вакви сложени прашања. Значи, ним им е наметната улога – она што политичарите ќе го договорат тие со потписи да го посведочат. Тоа нема врска со науката, рече професор Миновски.

Што ќе се прави понатаму? Политиката пред мешовитата македонско – бугарска комисија го става и периодот од 19 и 20 век. Што ќе превземе македонската наука, најголемиот универзитет, МАНУ, историчарите и од факултетите и од пониските образовни институции…?

Што да се очекува во иднина од македонските преставници во Комисијата? Или можеби Владата ќе ги смени, да почекаме?

 

Претходна вестВМРО ДПМНЕ: Ако Ковачевски е сигурен во 80 пратеници, ајде веднаш на гласање во Собрание, ако не-тогаш итни избори
Следна вестБугарските историчари прогласија победа: Ќе продолжиме и за јазикот, браќата Миладиновци и Гоце Делчев