Темен режим Режим на светлина

Владата ќе штеди – овој пат електрична енергија

Владата пак реши дека треба да се штеди. Овој пат ќе се штеди електрична енергија. Имено, Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто, кои ќе треба да стапат од 1 септември, а ќе важат до 31 март следната година.

Државните институции ќе треба да штедат струја, а за домаќинствата и компаниите има само препораки за тоа. Ако институциите не штедат, ќе има санкции, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Институциите ќе треба да го исклучат декоративното осветлување на фасадите, ниту спомениците нема да светат навечер, климите ќе бидат подесени на 27 во сезона на ладење и на 20 степени во сезона на греење, да се исклучуваат компјутерите по работата…

Предвидено е раководителите секој месец да доставуваат извештаи до Владата за потрошувачката на енергија.

– Мерките се поделени во повеќе категории, зависно дали се работи за домаќинства, компании или објекти, институции и претрпијатија во државна сопственост, рече Бектеши ма денешната прес-конференција.

Ќе треба иасто така да се намали осветлувањето до минимален сигурносен обем на осветлување улици, плоштади и други објекти.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Јакимовски: Ги исплативме долгoвите, најавувам инвестиции од 1,5 милијарди евра

Следна објава

Русковска суспендирана заради претресот во Финансиската полиција