Сончево време, со изолирано невреме на некои места

Времето денеска ќе биде претежно сончево, но на некои места се очекува прво наоблачување, пороен дожд и грмежи. Сепак, тоа се изолирани појави како што велат метеоролозите.

Во Скопје максималната дневна температура ќе биде 32 Целзиусови степени, а во другите места во Македонија ќе се движи меѓу 23 и 36 степени.

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 24 до 37 степени.

Претходна вестМладинска ликовна колонија од денеска до 18 август во Кочани
Следна вестЌулафкова: Препораките го укинуваат историскиот континуитет на Македонците