Професорката Ванковска: Климент и Наум ги побугарчија…, се е по планот, на ред е Гоце, а потоа НОБ и АСНОМ…

По денешното соопштување на она што до сега го постигнала заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, реагираше познатата универзитетска професорка Билјана Ванковска. Нејзината објава на Фејсбук ја пренесуваме во целост:

-Од античката историја се откажавме, во средновековието признаа дека сме биле бугарска држава, Климент и Наум ги побугарчија… Се’ е по планот. На ред е Гоце. А потоа НОБ и АСНОМ …

Важно типот стана академик во МАНУ. Му е гајле за историјата на овој слаб научник и добар венецијански трговец.

П.С. Првичната реакција ми беше на она што го пренесоа медиумите. Сега ми го пратија целосниот текст: полошо е! Не само што нема ништо на М, туку се грижеле повеќе за Тракија и Дарданија! Знаете што значи тоа? Дека Комисијата и владите ќе ги легитимираат бугарскиот и албанскиот мит на континуитет (наГрците им дадовме “тапија” со Преспа).

Историјата е направена бетер од супермаркет: си земале и отфрлале работи како се договориле! Бугарите и Албанците, Македонци не постојат, напиша професорката Ванковска.

 

Претходна вестВо Скопје: На глава глупа и се корне клупа
Следна вестНиеден македонски универзитет не е во првите 1000 во светот на Шангајската листа