Во Скопје: На глава глупа и се корне клупа

Вандализмот е вообичаена работа во Скопје, а насилниците тоа најмногу го покажуваат врз јавниот имот. Најнов пример за тоа се откорнатите клупи во паркот „Македонија“.

Екипите на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ – Скопје утрово затекнаа оштетени, искршени и откорнати клупи расфрлени во зеленилото во паркот „Македонија“. Во својата објава на Фејспук од претпријатието реагираат дека за жал, вакви гледки на уништена парковска опрема се сé почеста појава во градот.

– Упатуваме осуда кон ваквото вандалско уништување на поставената урбана опрема низ зеленилото и апелираме истата да се чува како општо јавно добро за сите посетители, наведуваат од претпријатието.

Ќе има ли обид да се дознае кој ова го сторил? Вандалите во Скопје „оро играат“ затоа што ретко кога некој е казнет.

Претходна вестНови 889 случаи Ковид-19, пријавени се 10 починати лица
Следна вестПрофесорката Ванковска: Климент и Наум ги побугарчија…, се е по планот, на ред е Гоце, а потоа НОБ и АСНОМ…