Историската Комисија препорача заедничко чествување на Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент, Наум, а ќе се менуваат и учебници

Комисијата за историски прашања даде препораки за заеднички чествувања на Цар Самоил, Светите Кирил и Методиј и Светите Климент и Наум со Бугарија, и препораки за измени во учебниците по историја, пренесува Макфакс.

-Пет препораки за учебници по историја се од нашата страна дека треба да има подобрување во бугарските учебнци. Исто така и бугарската страна сметаше дека треба да има во нашите учебници промени. Овие препораки треба да ги усвои Владата, а идните автори на учебници да ги земат во предвид овие препораки, информираше Драги Ѓоргиев од Комисијата за историски и образовни прашања.

Како што посочи, препораките се однесуваат на некои структурални недоследности, фактографски грешки, историската географија, односно како се претствени одредени региони географски во учебниците, препораките воопшто не допираат до идентитеките прашања. Во однос на заедничките чествувања главни критериуми беа промоција на универзалните вредности, придонесот во христијанската култура и традиција на овие простори како и придонесот за сесловенската писменост, рече Ѓоргиев.

Сспоред него, оваа комисија по секоја цена не мора да донесе решенија за прашањата за кои има несогласувања помеѓу двете страни.

-Не беше кажано дека сме промениле нешто што не труело, туку се менуваат работи за кои има недоразбирање и кои може да придонесат за нарушување на односите меѓу двте држави и да се создаваат омраза и тензии. Комисијата работи на измени на тие места во учебниците по историја, рече Ѓоргиев.

Претходна вестПетровска: Одлуките за донација на воена помош за Украина се одлуки на суверена и самостојна држава
Следна вестНови 889 случаи Ковид-19, пријавени се 10 починати лица