Им пречи и налепницата НМК: Пак оштетени македонски возила во Грција

Повторно оштетени македонски возила во Грција. Имено, во саботата вечерта 6 возила од Македонија се оштетени во гратчето Переа, во близина на Солун. За ова известува порталот на ТВ Сител, кој додава дека три возила се од Скопје, 2 од Прилеп и 1 возило од Битола.

Сопствениците на возилата сакале да останат анонимни и само додале дека се крајно револтирани затоа што иако ја повикале грчката полиција никој не дошол да изврши увид на лице место. Мештаните, како што пренесува „Сител“ ги советувале оштетените за да не им се случуваат вакви работи да ја покриваат ознаката НМК на возилата.

Дали овој пат ќе има реакција од македонското МНР со упатување на протестна нота до грчките колеги? Ќе помогне ли МНР на оштетените во давање инструкции како да се добие парична надокната од Грција за причинетата штета?

Летово имаше неколку такви инциденти на вандализам брз возила на македонски граѓани.

Фото: Оштетени возила од претходните вандализми

Целиот текст и фотографии од најновиот настан може да видите ТУКА.

Претходна вестКој јазик го штити владата на СДСМ и ДУИ и чиј „чист јазик“ ќе влезе во ЕУ?
Следна вестПетровска: Одлуките за донација на воена помош за Украина се одлуки на суверена и самостојна држава