Има деца заболени со ковид, ама за Филипче и Царовска тоа не е загрижувачко

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека нема зголемување на бројот на хоспитализирани во болницата во Козле односно тој е ист во последниот еден месец.

-Нема зголемување на бројот на деца кои се хоспитализирани, во болницата во Козле, претходниот период месец-месец и половина беа хоспитализирани 20-тина деца и таа бројка перзистира во целиот овој период. Дали ќе препорачаме нешто во однос на моделот на спроведување на наставата, ќе зависи од анализата која ја спомнав и која ќе биде готова во сабота затоа што сакаме да видиме прво по градови и региони колку од новодијагностицирани се вакцинирани, возрасната група односно дали има деца кои одат во училиште, каква е бројката на новодијагностицирани деца кои одат во училишта. Бројката е навистина мала, но ќе ги анализираме сите овие работи за да видиме дали ќе препорачаме нешто друго во однос на спроведување на наставата, рече Филипче.

Истовремено, министерката за образование Мила Царовска и денеска повтори дека бројот а заразени деца е само 0,01 отсто од вкупниот број и дека во изминативе две и пол недели оваа бројка не била поголема од 0,02 отсто.

Таа во денешната изјава всушност откри дека наставата со физичко присуство е всушност став на меѓународните оргганизации како УНИЦЕФ и ОЕЦД и според тој ставв многу е значајно училиштата последни да се затворат, а први да се отворат.

Но изјавите на Филипче и Царовска сепак се косат со она што веќе извесно време го кажуваат од Народниот правобранител каде стигнуваат поплаки од родиели дека има заразени деца и дека протоколите во училиштата не се почитуваат. Исто така и ИЈЗ објави дека последниот период има околу 1.000 заразени деца. Од Болницата во Козле вчера за неколк медиуми изјавија дека бројот на примени деца се зголемува и тие се со сериозни симптоми. Пет од 20 се на кислородна поддршка.

Претходна вестВеќе нема да биде доволна една доза вакцина – за сертификат ќе мора две
Следна вестПоради предизборно дотерување: Дел од булеварот „Крсте Мисирков“ викендов затворен за сообраќај