Поради предизборно дотерување: Дел од булеварот „Крсте Мисирков“ викендов затворен за сообраќај

Поради асфалтирање со завршен слој, булеварот „Крсте Мисирков“, од утре (18.09.2021 година, сабота) од 06 часот наутро, па се до 05 часот наутро на 19.09.2021 година, ќе биде затворен за сообраќајот и тоа на потегот од крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“ до крстосницата со булеварот „Кочо Рацин“, во насока од ТЦ „Мавровка“ кон „Веро Џамбо“. Сообраќајот ќе се одвива еднонасочно во спротивниот правец (кај МАНУ).

Во недела (19.09.2021 година), пак почнувајќи од 06 часот наутро па се до 05 часот утрото на 20.09.2021 година, комплетно затворен за сообраќај ќе биде спротивниот правец (во насока од „Веро Џамбо“ кон ТЦ „Мавровка“).

Додека траат градежните работи на овој потег од булеварот Крсте Мисирков, сообраќајот ќе се одвива еднонасочно во правец од ТЦ „Мавровка“ кон „Веро Џамбо“.

Претходна вестИма деца заболени со ковид, ама за Филипче и Царовска тоа не е загрижувачко
Следна вестМакедонија била 13.најбрза селекција на ЕУРО 2020