Сообраќајната некултура во Скопје никако да си замине од улиците. Напротив, зазема се поголем простор – ги освојува патиштата.
Тоа го гледаме сите, го гледа и полицијата. Дали се превемаат доволно мерки за да се намалат дивеењата на неодговорните во сообраќајот? Од МВР уверуваат дека прават контроли. Еве за вчера известуваат дека имало изречено 141 казна.
-На територијата на град Скопје биле изречени вкупно 141 мерки, меѓу кои за возење над дозволената брзина 32 казни, 26 мерки за возење без возачка дозвола, две мерки за минување на возила на црвено светло, две мерки за прекршоци што ги направиле пешаците, две за возење под дејство на алкохол, седум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест мерки за користење на мобилен телефон, четири мерки за прекршоци што ги направиле возачите на моторцикли, 33 казни за непрописно паркирање, соопштува полицијата.
Возењето брзо по скопските улици загрижува, но загрижува и трендот на возење без дозвола. Се бара ли лек за тоа? Колку ли има што полицијата не ги открила, а си возат без положен возачки испит низ Скопје?