Имам убиено повеќе комарци од авионите на Шилегов…

Комарците и понатаму ни зујат околу главите иако неколку пати оваа пролет и лето ни брмчеа авионите со кои градоначалникот Петре Шилегов ги прскаше над Скопје. Ај што ни зујат туку коматките и бајаги касаат.

Има ли ефект годинешново прскање против комарци во Скопје? Што средство беше користено штом ефектот е мал? Овие прашања се наметнува деновиве бидејќи непријатните инсекти и натаму се крвожедни.

Скопјани тераат шега со Шилегов исто како што тераа и пред две години кога доцнеше со прскањето против комарци ама изнаоѓаше разни објаснувања дека тој не доцни туку ете има други причини.

-Град Скопје најави соживот со комарците.

-Изгледа овие прскаа ЗА, а не против комарци.

-Имам убиено повеќе комарци од на Шилегов авионите.

Ова се само дел од реакциите на Твитер. Скопјани се прашуваат дали комарците ги касаат и сите во кабинетот на градоначалникот Шилегов, нормално кога се во Скопје.

Одговорот вчера индиректно стигна преку соопштение: Поради изразената влага во вегетацијата која придонесува за поголемо размножување, во консултација со надлежните здравствени служби, Градот Скопје донесе одлука во вторник да спроведе вонредно прскање на комарци.

Колку ова најавено прскање ќе успее ќе почуствуваме наскоро на своја кожа.

 

Претходна вестВо Центар се казнуваат бучни кафе-барови, но дали само ако граѓани пријават?
Следна вестЈа прегазил со мотор па избегал