Пријава за напад на полицајка која е дел од внатрешното обезбедување на македонскиот парламент добила полицијата.
Според пријавата, полицајката извршувајќи ги своите должности била нападната од жена, исто така вработена во Собранието. Инцидентот се случил во средата рано утрото нешто пред девет часот.
-На 7 април 2023 во 19 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 5 април 2023 околу 8: 5 часот во Собранието на Република Северна Македонија вработената С.Б. турнала полициска службеничка и ја попречувала во извршување на службени задачи како внатрешно обезбедување во Собранието. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.