Посебен режим на сообраќајот на „Илинденска“ поради атлетска трка

Одржување на атлетска трка денеска ќе предизвика промена на режимот на сообраќајот на булеварот „Илинден“ во Скопје.

-Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Трката ќе се одвива по следната траса – од булевар „Илинден“ пред фонтана „Лотос“ (старт и цел) до крстосницата со булевар „8 Септември“ каде се врти полукружно назад по булевар „Илинден“ до целта кај фонтана „Лотос“, соопшти МВР.

Во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје денеска ќе се одржи 11. издание на Авицена женска трка. Стартот и целта на трката ќе бидат на булевар „Илинден“, во близина на фонтаната „Лотос“. Се трча еден круг од три километри.

Право на учество имаат сите припаднички на женскиот пол без ограничување на возраст.

Според програмата, во 9:40 часот е предвиден аеробик за загревање, а во 10 часот е стартот на трката на три километри. По прогласувањето на најдобрите учесници, ќе има и лотарија.

Претходна вестИнцидент во македонскиот парламент: Вработена во Собранието нападнала полицајка
Следна вестБискупот Стојанов на прославата на католичкиот Велигден: Воскреснатиот Христос од нас бара промена на срцето, да се свртиме кон Него