Инспекции во градинките, не смее да има невакцинирани деца, порача Велковски

Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски кажа дека МТСП веќе постапува во однос на проверките на градинките за вакцинирани и делумно вакцинирани деца против голема кашлица.

– Инспекциските служби кои вршат надзор во градинките, го прават тоа според својата надлежност. Тие се секојдневно на терен, по редовни или вонредни инспекциски надзори прават контроли, а го опфаќаат и делот на проверка на досиејата на децата кои се запишани во градинката. Треба да постои вакцинален картон со сите примени вакцини согласно возраста на детето, рече министерот.

Тој додаде дека во моментот се прави контрола за да нема присутни деца во градинките, кои ги немаат сите документи во досието.

– Тоа е првиот начин да се спречи проширувањето. Таму можеме да спречиме, да не оди болеста по нагорна линија, кажа Велковски.

Претходна вестСпречен шверц на 3.590 таблети „трамадол“ при контрола на автобус
Следна вестАзар: Секое лето поради пивото ставав по четири-пет килограми