Инспекторатот: Во кругот на Железара работат фирми без елаборати за животната средина

Фирми кои немаат елаборати за заштита на животна средина работат во кругот на поранешната Железара, утврдил Државниот инспекторат за животна средина. Контролата во соработка со Инспекторатот на Град Скопје е извршена по барање на граѓанит еод оваа подрачје на скопската општина Гази Баба.

-Сите правни субјекти се задолжени во најкус можен рок да изработат елаборати и да обезбедат одобрение од соодветна институција во согласност со закон, соопштува ДИЖС

На вториот инспекциски надзор извршено е мерење на бучавата која се прави во погонот на „Макстил“, на што, исто така, се жалеа граѓаните. Резултатите ќе биде познати во наредниве денови но при увидот беше потврдено дека бучавата доаѓа од Макстил, поточно од електролачната печка за топење на старо железо. „Макстил“ е задолжен да го води производниот процес на начин кој нема да создава бучава и да го нарушува мирот и спокојот на граѓаните.

Претходна вестПриведени тројца малолетници кои украле чанта од жена на улица во Скопје
Следна вест1.340 пациенти се лекуваат од вирусот во болниците низ Македонија, има 150 празни кревети