Тешко е демолиран автомобилот на Марија Митева, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Митева информацијата за демолираниот автомобил ја објави на Фејсбук и порача дека не можат да ја заплашат.
-Понеделничкото утро на мене и мојата фамилија ни започна вака, го најдов моето возило искршено и демолирано. Очигледно се во паника и исплашени, па тргнаа да не заплашуваат и нас зошто знаат дека ќе има одговорност за сите криминали. Ако некој мисли дека пораката е примена, можам само да ви порачам дека ваквите методи кои се одлика на страв предизвикуваат поголема храброст и кај мене и кај ВМРО-ДПМНЕ. Сега сме 100 процентно уверени дека сме погодиле точно во сржта, а да знаете одговорност ќе има, наведе Митева.