Повторно е оштетен бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, потврди охридската полиција, која извршила увид и, како што вели, работи на расветлување на настанот.
Клубот има оштетено стакло на излогот, најверојатно од фрлен камен. Инцидентот се случил изминатата ноќ околу 2 часот по полноќ.
Претходно, на 12-ти октомври годинава, беше искршен натписот над влезната врата на објектот.
Клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид беше отворен на 7 октомври, а отворањето беше проследено со протести на граѓани, кои имаа поддршка од опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица.