Искршил дел од опремата на амбулантно возило, се обидел да нападне и полицаец: уапсен Холанѓанец во Охрид

Синоќа, во 21.45 часот, во охридското село Пештани, полициски службеници од СВР Охрид – Полициска канцеларија Пештани, од слобода го лишија В. Р. Ј. (31) од Холандија.

Тој агресивно се однесувал кон медицински лица од Итната медицинска помош од Охрид и оштетил дел од опремата на амбулантното возило.

По ова, се обидел физички да нападне полициски службеник, кој преземал службени дејства.

Полицијата соопшти дека против него е поднесена соодветна пријава.

Претходна вестСообраќајка меѓу два автомобили, повреден и пешак
Следна вестМицкоски по добивањето на мандатот: Со новата реформска влада ќе нема граѓани од прв и втор ред