Сообраќајка меѓу два автомобили, повреден и пешак

На 05.06.2024 во 10.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Македонско – косовска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(34) од Скопје и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.П.(38) од с.Коњаре, скопско, при што бил удрен и пешакот З.У.(59) од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.У., констатирани во Градска општа болница „8 Септември“, а со телесни повреди се здобила Љ.П. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, , информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестСиљановска Давкова го додели мандатот за состав на нова влада: Мицкоски има рок од дваесет дена за да ја формира
Следна вестИскршил дел од опремата на амбулантно возило, се обидел да нападне и полицаец: уапсен Холанѓанец во Охрид