Исмет Гури избегал од домашен притвор

Еден од обвинетите за сериозна даночна измама, Исмет Гури, побегнал од домашен притвор, по што по него е распишана потерница.

Полициски службеници од полициската станица „Бит Пазар“ во Скопје при контрола не го нашле Гури на адресата каде издржува домашен притвор.

Додека беше во ефективен притвор, Гури голем дел од времето го поминуваше во болница.

Исмет Гури, поранешен функционер на ДУИ, според обвинтелството бил дел организирана шема за правење даночна измама. Тој е третоосомничен за сторено злосторничко здружување, перење пари, даночна измама, од вкупно 15 лица, кои биле под истрага. Ќе одговараат за злосторничко здружување, како и перење пари. Според Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Гури и другите обвинети, меѓу кои е неговиот син, парите ги добивале преку генерирање фиктивни побарувања кон Управата за јавни приходи, каде што едно време беше вработен Гури на раководна функција. За Гури се водеше и друг процес за изборна измама.

 

Претходна вестБадникови поворки тргнуваат по градовите, ќе се наздравува пред Соборниот храм во Скопје…
Следна вестОН предупредуваат дека Газа стана непогодна за живеење по три месеци напади