Од денеска почнува исплатата на септемвриските пензии. Исплатата ќе се одвива етапно до петок, во зависност од висината.
Денеска ќе се исплаќаат пензии во висина до 11 илјади денари, утре до 14 илјади денари, задутре до 18 илјади денари. Во петок во филијалите и експозитурите на банките ќе се исплаќаат пензии во висина над 18 илјади денари.
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од денеска. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.
Етапното исплаќање е само за оние кои доаѓаат на шалтерите и е во согласност со мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи, велат од Министерството за труд и социјална политика.