МВР денеска соопшти дека се преземаа дополнителни мерки во истрагата за вчерашното убиство во Тетово.
Во соопштението се наведува дека во врска со настанот во кој на 05.07.2024 во Тетово, едно лице кое било со возило „мерцедес“ пукало кон возило „бмв“ во кое било лицето со иницијали Р.Т.(39), кое од добиените повреди починало, МВР – Биро за јавна безбедност презема дополнителни мерки за пронаоѓање на лицето за кое постојат основи на сомневање дека е потенцијалниот сторител.
– По издадени наредби од страна на Основен суд Тетово извршени се претреси на три локации во село Гајре, од каде се одземени предмети кои може да бидат корисни за расчистување на настанот, а во Полициска станица Тетово едно лице е задржано на информативен разговор. Целокупните дејствија се преземаат во координација со надлежното Јавно обвинителство, а во целиот случај од првиот момент се вклучени и полициски службеници од Одделот за крим полиција при БЈБ, се вели во соопштението од МВР.