Истражување: Дури 76 проценти од граѓаните сметаат дека не може да влијаат врз одлуките во државата

Граѓаните во висок степен чувствуваат дека не можат да влијаат врз одлуките коишто се носат на ниво на општина, град Скопје и во државата. Ова го покажало истражувањето на во рамките на проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ-интеграциите“ а спроведено во периофот февруари – март годинава. февруари-март 2022 година. Анкетата за ставовите на граѓаните е спроведена телефонски на национален примерок од 1.300 испитаници, додека за граѓанските организации со онлајн истражувања во кои се опфатени 270 граѓански организации.

-На прашањето „Колку можете да влијаете врз одлуките што се носат во вашата општина и држава?“ – најголем дел – над две третини одговориле дека „не можат“ и тоа 65 отсто во општината во која живеат, 75 проценти во Градот Скопје и 76 проценти на ниво на државата. Само четири проценти сметаат дека можат да влијаат врз одлуките во општината во која живеат, два проценти во Градот Скопје и три проценти во државата, се наведува во анализата.

На конференцијата насловена како „Високи надежи и големи падови: ставови на граѓаните и граѓанските организации и ефекти од секторските работни групи“ на којашто беа презентирани резултатите беше наведено дека секој четврти граѓанин верува дека процесот на преговори со ЕУ значителчно ќе го подорби животот.

-На прашањето „Дали сметате дека процесот на пристапни преговори со ЕУ ќе го подобрат животот на граѓаните во нашата земја?“ – најголем дел 34 отсто одговориле „да, до некаде“ и 30 проценти „да, значително ќе го подобри“, наспроти 31 отсто кои одговориле „не, нема да го подобри“ и пет проценти кои рекле „не знам“, покажа истражувањето.

Претходна вестБензините поскапи за половина денар
Следна вестПритворен наставник од Струмица, вршел полови дејствија врз ученичка