Италија воведе данок од 40 проценти за профитот на банките

Банките во Италија ќе бидат дополнително оданочени. Имено, италијанската влада воведе данок за банките, за да им помогне на семејствата кои се погодени од кризата.

Ќе има данок од 40% на банкарскиот профит остварен годинава, при што средствата се наменети за помош на имателите на хипотеки и за намалување на даноците. Заменик-премиерот Матео Салвини рече дека давачката ќе влијае на профитот добиен од повисоките каматни стапки, пренесе „Гардијан“.

-Треба само да се погледнат профитите на банките во првата половина од 2023 година, како и резултатот од зголемувањето на стапките на Европската централна банка, за да се сфати дека не зборуваме за неколку милиони, туку зборуваме дека може да се претпостават милијарди, изјави Салвини.

Според еднократната давачка, Италија ќе оданочува 40% од нето каматната маржа на банките, мерка за приходот што банките го добиваат од јазот помеѓу стапките на заемите и депозитите.

 

Претходна вестПланира ли ЕУ воопшто прием на нови членки?
Следна вестПротест на пензионерите: Лубеница уште не сме пробале, функционерите покачувањата на нивните плати го направија брзо, а за пензиите бил долг патот