Избор на член на ДИК, законите за игри на среќа и за патни исправи пред пратениците – 145-та седница на Собранието

Избор на член на Државната изборна комисија (ДИК), измените на Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија, како и предлог законот за измени и дополнувања на законот за игри на среќа ќе се најдат пред пратениците на 145-тата собраниска седница чиј почеток е закажан за денеска.

Кандидат за член на ДИК, е Абдуш Демири на кого му треба поддршка од над 80 пратеници. Предлог законот за измени и дополнувања на Законот за игри на среќа и за забавните игри (трето читање) повторно е ставен на дневен ред, откако претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот за него. За негово усвојување се потребни 61 глас.

На дневен ред на седницата има и закони по скратена постапка и тоа Предлог на закон за изменување на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, Предлог на закон за изменување на Законот за спорт,

Предлогот на закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Рамковниот договор за заем кој ќе се склучи меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје за програмски заем за Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје за креирање на работни места во микро, мали и средни претпријатија во Северна Македонија и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште.

Исто така по скратена постапка на дневен ред се измените на Законот за платите на судиите, Предлог на закон за изменување на Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, Предлог на закон за изменување на Законот за платите на членовите на Судскиот совет на Република Македонија, Предлог на закон за изменување на Законот за платите на јавните обвинители, Предлог на закон за изменување на законот за фитофармација и Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за државното правобранителство.

Во прво читање се Предлог на закон за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење.

Претходна вестЗа неколку часа во Мексико убиени двајца кандидати за градоначалници
Следна вестПартиите ја дигнаа пропагандната борбена готовост, кому тоа ќе користи?