За неколку часа во Мексико убиени двајца кандидати за градоначалници

Двајца кандидати за градоначалник на мексиканскиот град Мараватио се убиени за неколку часа, соопштија денеска локалните власти. Убиени се кандидатот на партијата Национална акција, Армандо Перез и кандидатот на Морена, Мигел Анхел Завала.

Двајцата се пронајдени мртви во нивните автомобили.

– Ова го покажува исклучително сериозното ниво на насилство и недостатокот на безбедност што преовладува пред најважните избори во историјата на Мексико, напиша лидерот на политичката партија ,,Националната акција”, Марко Кортес на социјалните мрежи.

Од партијата Морена изјавија дека убиството на Завала е „кукавички и осудувачки чин“.

Парламентарните избори во Мексико се закажани за 2 јуни годинава, а предизборната кампања официјално започнува во петок на 1 март.

Претходна вест650.000 луѓе гледаат денеска во пратениците на СДСМ и ДУИ
Следна вестИзбор на член на ДИК, законите за игри на среќа и за патни исправи пред пратениците – 145-та седница на Собранието