650.000 луѓе гледаат денеска во пратениците на СДСМ и ДУИ

Дојде денот кога ќе се види што власта планира да направи околу огромниот хаос со патните исправи. Одлука за тоа дали на патните исправи со името Република Македонија ќе им се продолжи важноста до крајот на годината денеска треба да донесат пратениците во македонскиот парламент.

Сите очи се вперени во пратениците на СДСМ и ДУИ, тие треба да се изјаснат по предлогот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ кој има за цел да им се олеснат проблемите на граѓаните кои во пасошот го немаат омилениот збор на власта – „Северна“.

Ваков проблем имаат не само граѓаните кои се наоѓаат во границите на Македонија, туку и бројни македонски државјани кои живеат и престојуваат во странство, а се уште не ги смениле пасошите пред се поради лошата организација на претходното раководство на МВР. Според податоците, околу 650.000 македонски граѓани во земјава и во странство се уште имаат стари патни исправи поради што им е ограничено движењето. Голем број од овие граѓани се уште не можат да добијат термин за промена на личните документи во пунктовите на МВР и во нашите дипломатско-конзуларни претставништва по светот.

Од опозицијата, која ја предлага законската промена, објаснуваат дека со продолжувањето на рокот на најлесен начин ќе се решат проблеми на овие граѓани кои сега се ставени во своевиден државен притвор бидејќи не смеаат да патуваат надвор од границите на земјите во кои престојуваат. Но, вакво нешто не се прифаќа од актуелната владина коалиција од каде порачуваат дека измените на законот не се можни бидејќи со тоа ќе се прекрши меѓународниот договор со Грција и ќе го нарушело меѓународниот углед на земјата.

Пратениците од редовите на парламентарното мнозинство, првенствено од СДСМ и од ДУИ, денеска ќе треба да се изјаснат дали го делат ставот на своите партиски раководства или повеќе ќе мислата на угледоит и правата на граѓаните кои ги избрале и кои им даваат дебели плати.

Предлагачите на законската промена наведуваат дека со тоа што ќе се продолжи рокот граѓаните ќе може да патуваат со старите пасоши без поголеми проблеми бидејќи и од голем број на земји соопштуваaт дека „ќе имаат разбирање за носителите на ваквите пасоши“. Односно, дека нема да им се прават проблеми на граничните премини пре влегувањето и излегувањето од државите.

Какво разбирање за огромното кршење на човековите права ќе имаат пратениците на СДСМ и ДУИ?

Претходна вестВо Скопје од 1-ви март до почетокот на април ќе се слави Празникот на Франкофонијата
Следна вестЗа неколку часа во Мексико убиени двајца кандидати за градоначалници