Во Скопје од 1-ви март до почетокот на април ќе се слави Празникот на Франкофонијата

Со разнолика филмска програма, концерти и изложби во Скопје од 1 март до почетокот на април, а на 4 април и во Битола ќе се слави Празникот на Франкофонијата. Македонија е полноправна членка на оваа Меѓународната организација на Франкофонијата од 2006, а во неа се обединети 88 земји.

Со гала филмска вечер и проекција на филмот „Страсна на Доден Буфан“ во режија на Тран Ан Хунг, каде главните улоги ги играат Жилиет Бинош, Беноа Мажимел и Емануел Саленже во петок започнува месецот на Франкофонијата кој ќе трае до 4-ти април. Во годинашната програма за „Празник на франкофонијата“ се предвидени концерти на истакнати музичари, недела на франкофонски филм, натпревар по изразно читање и изложба „Париски рефлексии“ во Чифте амам.

– Францускиот јазик е јазик на културата, јазик на уметноста, на умешноста на живеењето, јазик на гастрономијата. Но, францускиот јазик е исто така и јазик на правото, деловен јазик и еден од двата работни јазици на Европската Унија.
За земјите кои се членки на Европската Унија и кои по вокација би требало да и се приклучат на ЕУ е корисен јазик поради својот посебен статус. Станува збор и за своевидна меѓународна организација Франкофонијата во која се обединети 88 земји кои што го споделуваат францускиот јазик иако сите држави немаат ист статус во рамки на организацијата со голем број на специјализирани агенции, но исто така и редовни политички состаноци, Самит на секои две години на кои учествуваат шефовите на држави и Влади и следниот ќе се одржи во месец ноември во Франција, во новиот институт за франкофонија францускиот јазик – рече францускиот амбасадор во Македонија, Сирил Бомгартнер.

Со свое видување излезе и швајцарската амбасадорка во Македонија, Вероника Улман.
– Франкофонијата е простор на споделени вредности во кој повеќето јазици може да коегзистираат. За културната разноликост и отвореноста кон светот францускиот јазик служи како мост за разбирање во глобаризиран свет каде англискиот јазик предничи, забележа Улман.

Можеби нема да бидам многу прецизен за да не правам публицитет за одредена телевизиска куќа, но денес на македонските национални телевизии имате можност да погледнете француски серии кој што се со одличен квалитет од нова продукција и за сите оние кои што го изучувале францускиот јазик повеќе години, но немале можност потоа да го практикуваат ве поканувам да ги гледате тие серии затоа што така се обновува знаењето на јазикот. Разликата помеѓу серија и филм е следна: филмот трае два часа и толку, а серијата е редовен состанок еднаш неделно понекогаш и два пати неделно и повторно може да се фамијализирате со тој јазик и богатство е да можете да контактирате со јазикот, изјави Бомгартнер.

Чествувањто на „Празникот на франкофонијата“ е реализирано во пријателска соработка со амбасадите на државите членки на меѓународната организација на Франкофонијата Швајцарија, Романија, Грција, Белгија, Бугарија и Албанија.

Претходна вестДеспотовски го презема кормилото во Кожуф
Следна вест650.000 луѓе гледаат денеска во пратениците на СДСМ и ДУИ