Македонската ракометна репрезентација денеска (17:30 часот) го игра првиот пријателски натпревар против Грција во рамките на ЕХФ-неделата. Селекторот, Кирил Лазаров за двомечот во Солун поведе 18 играчи.
Во пресрет на Европското првенство, нашите најдобри ракометари ќе се судрат со соседите во два „спаринг“ натпревари.
На списокот на Лазаров се наоѓаат 18 ракометари, откако отпаднаа Марко Митев, Едвин Омерагиќ, Марко Стојковиќ и Емилијан Ѓорговски. Лазаров за двомечот ги повика Никола Митревски, Марко Томовски, Марко Кизиќ, Филип Талески, Филип Кузмановски, Иван Џонов, Игор Ѓоргиев, Мартин Велковски, Томи Јагуриновски, Мартин Серафимов, Давид Савревски, Ненад Костески, Никола Костески, Цветан Кузманоски, Петар Атанасијевиќ, Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Милан Лазаревски.
Првиот натпревар меѓу Грција и Македонија се игра денеска од 17.30 часот.
Инаку токму со оваа ЕХФ недела почнува и загревањето за Европското првенство 2024 година кое ќе се одржи во Германија. Предводникот на нашиот национален тим ќе има шанса да ја провери формата на играчите и да направи план за следниот собир, на кој ударно ќе се работи континенталното натпреварување.
Грција ќе биде учесник на Европскиот шампионат во Германија следната година, па поради тоа е добар партнер за тестирање на силите.