Набргу по избувнувањето, пожарот кој утрово избувнал во скопската депонија „Дрисла“ е изгаснат од страна на скопската противпожарна бригада, информираат од Центарот за управување со кризи.
Од ЦУК наведуваат дека се работело за мал пожар.
-Утрово се појавил мал пожар на скопската депонија „Дрисла“ кој набргу по избувнувањето бил изгаснат од страна на скопската противпожарна бригада, информираат од ЦУК.
Од утрово на социјалните мрежи се шират видеа во кои се гледа дека црн чад се издигнува од депонијата „Дрисла“.
Чадот ги вознемири жителите од околните села кои ги повикаа надлежните органи да интервенираат бидејќи стравуваат дека во воздухот се кренати и канцерогени материи.
Во соопштението на ЦУК не се наведува каде точно избувнал пожарот и какви материи биле предмет на горењето.