Изгаснати девет пожари на отворено

Во текот на вчерашниот ден имало девет пожари на отворено и неколку помали интервенции и сите се изгасени.

Тие биле во општините: Бутел, кај с. Љубетен (запалена ниска вегетација); Сарај, покрај автопатот Скопје – Тетово (ниска вегетација); – Радовиш, кај с.Конче (депонија , стрништа и грмушки); Струмица кај с.Доброшинци (ниска вегетација); Кавадарци кај месноста „Танкото Патче“ (ниска вегетација); Свети Николе до градот (депонија и мал дел ниска вегетација); Пробиштип, кај с. Ратавица (земјоделска површина под житна култура, нискостеблести растенија и ниска вегетација) и во Општина Пробиштип кај с. Дреново (запалени нискостеблести растенија, ниска вегетација и лозје изгорена површина 3 Ха), информираа од Центарот за управување со кризи.

Претходна вестАбердин нема добиено ниту една понуда за Бојан Миовски
Следна вестИма ли некој на време да ги изгасне уличните светилки на улица „Македонија“?