Home АКТУЕЛНО Изгаснати пожарите кај Неготино и во демиркаписко, ноќеска горело и на 17 помали локации

Изгаснати пожарите кај Неготино и во демиркаписко, ноќеска горело и на 17 помали локации

0
Изгаснати пожарите кај Неготино и во демиркаписко, ноќеска горело и на 17 помали локации

Изгаснати се два големи пожари коишто вчера избуваа кај Неготино и во демиркаписко,  информира Центар за управување со кризи.

-Во 15:40 часот, избуванат е пожар на борова шума покрај автопатот Велес -Неготино во близина на фабриката “Македонија” на место викано “Гоцева Шума”. Пожарот, бидејќи е на борава шума, брзо се шири и истиот има зафатена површина од околу 10 -15 хектари. Интервенираа повеќе пожарникари и противпожарни возила, а од 18:30 часот во гаснењето на пожарот е вклучен и 1 хеликоптер со ведро за гаснење на пожар од МВР. Според последните информации пожарот е изгаснат. Во 15:00 часот, започнат е пожар кај с.Копришница, општина Демир Капија. Со пожарот беше зафатена сува трева и нискостеблеста шума-прнар. , соопшти ЦУК.

Центарот за управување со кризи, согласно информациите за пожари на отворено, известува дека во последното деноноќие до утрово имало и 17 други пожари: Скопско 6, Неготинско 1, Демиркаписко 1, Битолско 1, Струмичко 1, Охридско 1, Струшко 2, Кочанско 1 и Кумановско 3 пожари.