Министерството за здравство ги соопшти бројките на новозаразени од ковид 19 последните 3 дена, не како до сега за последното деноноќие. Па така, од 26.08 до 28.08 регистрирани се 389 нови случаи од направени 1.561 тестови. Од нив реинфекции се 94, односно толку луѓе се разболеле повторно.
Има и двајца починати изминатите три дена, а уште други двајца се претходно пријавени.
Вкупно оздравени се 698 лица.