Изложба „Ченто биографија низ фотографии“ во Струга

Патувачката изложба „Ченто биографија низ фотографии“, од прилепскиот автор Рубинчо Белчески денеска беше отворен во фоајето на центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Изложбата содржи 250 хронолошки подредени фотографии, собрани на едно место, а произлегла од желбата на авторот да даде свој придонес во презентација на првиот претседател на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто.

– Со започнувањето на процесот за независност и осамостојувањето на Република Македонија се почесто се зборуваше за името на големиот македонец, борец, деец и политичар, Методија Андонов Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ. Од тој период до денес, повеќе историчари, публицисти и други личности, вклучувајќи го и синот на Ченто, Илија Андов, напишаа повеќе публикации, а беа издадени и зборници за животот и делото на човекот – визионер, кој уште во минатото знаеше дека Македонија еден ден, ќе стане независна и самостојна држава. Желбата ми беше и ја да дадам свој придонес во расветлувањето,а пред се во презентирањето на ликот и делото на Ченто, создавајќи едно дело, но со поинаква форма и содржина од досегашните напишани дела за него. Така ја започнав својата „собирачка“ дејност, информира Белчески, кој работи како историчар – кустос во Прилепскиот музеј.

Содржините од изложбата збогатени со кратки информации од 150 настани, кои ги дообјаснуваат „замрзнатите“ моменти од фотографиите, неколку текстови и делови на говори, мисли и изјави на Ченто се сублимирани во фотомонографија, која беше промовирана пред струшката публика.

 

 

Претходна вестЧиј е Колумбо: Научници ќе копаат гроб за да дознаат каде е вистината
Следна вестУкраински амбасади примиле пакети со животински очи