„Слики“ е насловена изложбата на уметникот Стефан Младеновски, која е отворена викендов во културниот центар „Јадро“, а ќе трае до 18 мај.
– Стефан Младеновски во временските интервали исполнети со самостојни и групни изложби на графики и цртежи со динамичен активизам сублимираше еден иден, сега веќе на оваа изложба прикажан концизен, редуциран и продуктивно селективен контекст како рецидив од досегашните истражувања и остручување во повеќе медиуми од ликовните изразности – вели професорот Мирко Вујисиќ.
Стефан Младеновски дипломира на Факултетот за ликовни уметности во 2020 година, на Одделот графика, во класата на Зоран Јакимовски. Член е на ДЛУМ од 2020 година. Добитник е на студентската награда за графика „Драгутин Аврамовски-Гуте“ во 2018 година. Има остварено неколку самостојни и групни изложби.