Изложба во Галеријата „Остен“ по повод 50-годишнината од смртта на Пикасо

Галеријата „Остен“ денеска ќе реализира еднодневна изложба по повод 50-годишнината од смртта на Пабло Пикасо. Изложбата е со наслов, „ПИКАСО – керамики, цртежи и графики“ од колекцијата на „Остен Музејот“.

Од Галеријата информираат дека Музејот има импресивна колекција од 88 дела од Пабло Пикасо (1881-1973), меѓу кои 8 цртежи, 37 керамики и 43 графики, од кои дел ќе бидат претставени на изложбата.

Изложбата ќе трае од 10 до 22 часот, додека отворањето ќе се одржи во 19 часот.

Претходна вестЕскалација на судирите, израелската полиција упадна во џамијата Ал Акса
Следна вестИлија Спасески не се чувствува виновен за тепањето на Пендиков