Пријава дека е измамена до полиција вчера поднела четириесет и седумгодишна тетовчанка. Таа пријавила дека пред нецела година се договорила со лице од Порој да ѝ изработи мебел за домот и притоа му платила определен паричен надоместок.
-Меѓутоа, и по два месеца, колку што бил договорот, а и потоа, мебелот не ѝ бил испорачан ниту, пак, парите ѝ биле вратени, се наведува во соопштението на МВР.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.