Одбраната бара домашен притвор за таткото на убиената Вања Ѓорчевска

Затворски притвор да се замени со куќен, побара денеска бранителот на осомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и воедно нејзин татко Александар Ѓорчевска.

Неговиот бранител Владимир Туфегџиќ истовремено бара Јавното обвинителство да објасни зошто неговиот клиент сè уште не бил повикан на распит.

Туфегџиќ за „Скопје1“ посочува дека ниту една мерка не е оправдана, но замената на ефективниот притвор ќе му помогне на семејството кое е погодено од трагедијата.

-Иако истакнавме посебен предлог за замена на мерката притвор во мерка куќен притвор, свесен сум дека постапката околу укинувањето на притворот ќе трае. Иако спрема осомничениот не е оправдана ниту една мерка, сепак со мерката ќуќен притвор ќе се задржи кохезијата на семејството кое е длабоко погодено со оваа трагедија, смета Туфегџиќ.

Се бара разјаснување на прашањето кој му ги дал снимките од надзорните камери низ центарот низ Скопје, што протекоа во јавноста, преку видеа на контроверзниот српски политичар Срѓан Ного.

Од Јавното обвинителство, пак, одговорија дека Александар Ѓорчевски веќе дал исказ, негирајќи негова инволвираност и какви било сознанија за двојното убиство. Се додава дека и по нешто повеќе од еден месец од убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, во тек се истражни дејствија.

Претходна вестПа нели Македонија ќе беше една изборна единица?
Следна вестИзмамена тетовчанка: Не го добила ниту мебелот ниту парите