Измамена тетовчанка: Не го добила ниту мебелот ниту парите

Пријава дека е измамена до полиција вчера поднела четириесет и седумгодишна тетовчанка. Таа пријавила дека пред нецела година се договорила со лице од Порој да ѝ изработи мебел за домот и притоа му платила определен паричен надоместок.

-Меѓутоа, и по два месеца, колку што бил договорот, а и потоа, мебелот не ѝ бил испорачан ниту, пак, парите ѝ биле вратени, се наведува во соопштението на МВР.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

 

 

Претходна вестОдбраната бара домашен притвор за таткото на убиената Вања Ѓорчевска
Следна вестЕдно е да одиш во црква и разменуваш божикни честитки, а друго е да живееш по верски начела