Измамена жена од Кавадарци, уплаќала пари за да добие кредит

Вчера во 09.20 часот во Полициската станица Кавадарци, 57-годишна жена од Кавадарци пријавила дека била измамена од едно лице, извести МВР.

– Според пријавеното, лицето се претставило како претставник на странска банка со претставништво на Балканот и се договориле да ѝ помогне да добие кредит со ниска каматна стапка. Како што е пријавено, таа во текот на месецот во неколку наврати уплатила по 270 евра за наводната услуга, но тој барал да префрли уште пари, а не добила ништо и сфатила дека е измамена, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестИсчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош
Следна вестНотар од Тетово со лажен потпис префрлил имот