Измамник се јавил кај старица, лажел дека ќерка ѝ прегазила човек и барал пари

Непознато лице измамило 85-годишна жена во Скопје. Тој ѝ се јавил, се претставил дека е командир и ѝ кажал дека ќерка ѝ  прегазила човек и за да не оди во затвор, измамникот ѝ побарал пари.

Според информациите на МВР, вчера во Полициската станица Бит Пазар, 85-годишна жена од Скопје пријавила дека во четвртокот била измамена од едно лице.

Според пријавеното, околу 11.30 часот на телефон ѝ се јавило лицето и се претставило дека е командир на полициска станица. Како што пријавила таа, лицето ѝ кажало дека нејзината ќерка со возило прегазила девојче кое починало и дека ако сака може да ѝ помогне да не оди во затвор, а за возврат треба да му даде пари.

Исто така, според пријавеното, оштетената дала вкупно 122.000 денари на лицето кое дошло до нејзината врата, а во 20 часот кога се слушнала со нејзината ќерка заклучила дека била измамена.

Се работи на расчистување на случајот.

Претходна вестЖена почина по пад од тераса на семејна куќа
Следна вестКривична пријава за ДИК од Македонски концепт