Израел: Ја презедовме контролата на преминот Рафа кон Египет

Армијата на Израел утринава ја презела оперативната контрола на палестинската страна на јужниот граничен премин Рафа во Газа, кој се граничи со Египет. Од армијата соопштуваат дека специјалните сили ја проверуваат областа.

Војската вели синоќа силите „оперираат“ во источниот дел на Рафа, каде што повеќето луѓе и некои меѓународни организации се евакуирани.

Во раниот утрински брифинг со новинарите беше речено и дека преминот Керем Шалом утрово е затворен од безбедносни причини и ќе биде отворен кога ќе дозволи безбедносната ситуација. Портпаролот на граничната служба во Газа изјави дека израелски тенкови се распоредени долж преминот Рафа.

Тројца хуманитарни извори за Ројтерс изјавија дека протокот на хуманитарна помош преку преминот е запрен.

Претходна вестTешка сообраќајка на „Партизанска“ во Влае, едно од возилата преполовено
Следна вестАкредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите