Израелскиот министер: Нема струја, вода и гориво за Газа се додека не биде ослободен и последниот израелски заложник

Израелскиот министер за енергетика, Исраел Кац, изјави дека опсадата на Газа нема да заврши додека не се ослободат израелските заложници. Односно нема да има гориво струја и вода се додека не се ослободи и последниот израелски заложник.

Во објава на социјалните мрежи, Кац рече дека нема да се вклучи ниту еден „електричен прекинувач, нема да се отвори ниту еден хидрант за вода и нема да влезе камион со гориво додека не се ослободат киднапираните“.

Израел го прекина снабдувањето на Појасот Газа по нападот на Хамас во саботата, пренесуваат локалните медиуми.

Утрово беше објавено дека главната болница во градот Газа има само четири дена гориво за своите генератори.

Израелската опсада значи дека храната и чистата вода се при крај. Без струја за пумпите, на некои улици се трупа канализација.

Соседниот Египет повикува на шестчасовно хуманитарно примирје за да се добие помош.

Претходна вестПелистер со победа, ТФТ и МЗТ Скопје со порази во АБА 2 лигата
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Македонците во Израел се оставени сами на себе, Владата полесно договара коцкарски бизниси, отколки авион за нашите сограѓани