Изведба на операта „Травијата“, во Националната опера и балет

Една од најомилените претстави на македонската публика, операта „Травијата“ од Џузепе Верди ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 31 октомври, со почеток во 20.00 часот. Диригент е Бисера Чадловска, режијата е на реномираната германска режисерка Верена Штојбер, креирајќи моќна продукција чии главни атрибути се смелото сценско дејствие и визуелниот квалитет, сценограф и костимограф е Софија Шнајдер (Германија), кореограф: Саша Евтимова.

Во улогата на Виолета Валери ќе настапи Наде Талевска, во улогата на Алфред Жермон настапува Благој Нацоски, во уогата на Жорж Жермон, Марјан Јованоски, во останатите улоги настапуваат: Марика Поповиќ, Александра Лазарoвска Василевски, Васко Здравков, Драган Ампов, Дејан Стоев, Борко Биџовски, Игор Гиновски, Тихомир Јакимовски, оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Еден од темелите на светскиот оперски репертоар, партитурата на „Травијата“ изобилува со фантастични музички сегменти што уживаат огромна популарност на оперските и концертни подиуми ширум светот. Токму генијалната музика, но и комплексното „безвременско“ либрето напишано според романот „Дамата со камелии“ и живописните ликови кои зборуваат за универзалноста на човековата природа ја сместуваат „Травијата“ меѓу најпопуларните и истовремено најинтимни оперски ремек-дела на Џузепе Верди.

Претходна вестПендаровски се заблагодари на ЕУ за поддршката; Фон дер Лајен со нетрпение очекува…
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Ако во 2013 – 2014 имало 100.000 регистрирани земјоделци, сега има 60.000