Извршен на ВМРО-ДПМНЕ: изборите беа недемократски, Мицковски ќе продолжи со преговори за мнозинство

ВМРО-ДПМНЕ ја одржа својата редовна седница на Извршниот комитет, прва
по одржувањето на предвремените парламентарни избори, на која се
разгледала актуелната општествено политичка состојба и се анализирале
резултатите од избори.
Извршниот комитет заклучил дека изборите се одржале во недемократска
атмосфера со масовен поткуп на гласови спроведен од актуелната власт на
СДСМ. Воедно ВМРО-ДПМНЕ забележува и на бројните недостатоци и
неправилности на денот на изборите.
„Во едни вакви околности ВМРО-ДПМНЕ ја доби довербата од народот во
најголем број општини, и воедно издејствува поголем број мандати
споредено со партијата СДСМ без коалицијата со Беса, соопштија од
партијата.
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го овластило претседателот Христијан
Мицкоски да продолжи со разговори во обидот за составување ново
парламентарно мнозинство.
Претходна вестГенералната дирекција на „Халк oсигурување“ отсега на нова локација во „Сити плаза“
Следна вестЦентарскиот пајак активен: казнети 100 непрописно паркирани возачи