Ја нападнал поранешната сопруга на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож

33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож. Ова било вчера пријавено во полиција.

-На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.

Претходна вестКучиња скитници искасаа три лица во Аеродром, Центар и Драчево
Следна вестВремето денеска променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд